Правила на заедницата
За да остане жалби.мк корисна и безбедна заедница, ве молиме почитувајте ги следниве правила. Прекршувањето може да доведе до отстранување на содржина или суспензија на профилот.
Забрането е
- Закани, говор на омраза и вознемирување.
- Објавување лични податоци (адреси, телефони, лозинки, финансиски податоци) на приватни лица.
- Спам и повторливи објави.
- Незаконска содржина.
- Лажно претставување (импресонирање).
- Клеветнички тврдења претставени како утврдени факти.
Се охрабрува
- Фактички описи на вашето лично искуство.
- Датуми, детали и докази (сметки, фотографии) кога е соодветно.
- Почитувaн и конструктивен тон.
Формулација
Опишувајте го вашето искуство наместо да изнесувате обвинувања како факти. На пример, наместо „Компанијата Х е измама“, напишете „Имав проблем со нарачка од компанијата Х“.